сабота, јануари 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сообраќајна несреќа кај село Слатино, три лица повредени

Сообраќајна несреќа кај село Слатино, три лица повредени

21

Три лица повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце.

Како што информираат од МВР, вчера (23.01.2026) во 11:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, кај село Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И. (33) од село Доброште, тетовско и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Х. (36) од село Нераште, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобил и сопатникот Б.А. (26) од Нераште, тетовско, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово, додаваат од МВР.

ИЗДВОЕНИ