Автобус со 47 луѓе се запали денеска на автопат во округот Мреш, во централна Романија, а возачот и патниците се евакуирани навреме при што немало повредени, соопшти Генралниот инспекторат за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи.
Пожарот избувнал во близина на селото Шоромикле на делот од националниот автопат кога автобус со 47 лица ненадејно се запалил при движење.
На местот на инцидентот биле повикани две противпожарни екипи и едно возило на брза помош, пренесе порталот Диги 24.
Пожарот целосно го уништи возилото, а сообраќајот на патот во двата правци беше привремено блокиран.
Патниците, вклучувајќи и работници мигранти кои патувале на работа во странство, беа привремено сметени во зградата на локалното училиште.
Полициските агенции и експертите за заштита од пожари започнаа истрага за да ја утрвдат причината за пожарот, а се сомнева дека станува збор за технички дефект.












