вторник, август 18, 2026
Дома МАГАЗИН Сончево време со мала до умерена локална облачност

Сончево време со мала до умерена локална облачност

25

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина од 60 km/h, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури се движат од 13 Целзиусови степени во Берово до 24 во Дојран, а максималните дневни ќе достигнат од 26 во Крушево до 34 во Гевгелија.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

ИЗДВОЕНИ