сабота, јули 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сончево со температура до 39 степени – попладне ќе има услови за...

Сончево со температура до 39 степени – попладне ќе има услови за дожд и грмежи

16

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, денеска ќе има сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 степени наутро до 38 во текот на денот.

Во следните два дена ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Дневната температура во одредени делови ќе достигне 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во вторник се очекува на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР.

ИЗДВОЕНИ