вторник, февруари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за локален пороен...

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за локален пороен дожд и грмежи

110

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека во деновите од викендот и во вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Од среда се очекува стабилизирање на времето.

ИЗДВОЕНИ