вторник, јули 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 36 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 36 степени

9

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36°C.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35°C.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ИЗДВОЕНИ