Сончево и топло, со мала до умерена облачност – темературите ќе достигнат до 37 степени

17

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

УХМР најави дека под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, на повеќе места ќе надминува 35, а наместа ќе биде и над 40 степени.

ИЗДВОЕНИ