Тимот на Лос Анџелес наводно го финализирал трансферот на еден од најдобрите азиски фудбалери во историјата, Сон Хеунг Мин од Тотенхем, пишува „GiveMeSport“.

Според изворот, сè е договорено, вклучително и личните услови со играчот, а тимот треба да плати околу 20 милиони евра за него.

Сон, кој има 31 година, е во Тотенхем од 2015 година, каде што стана легенда на клубот и еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

+-Преселбата во МЛС претставува голем поттик за Лос Анџелес, но и важен чекор во популаризацијата на лигата кај азиската публика. Трансферот сè уште не е официјално потврден, но Фабрицио Романо пишува дека сè е договорено.

ИЗДВОЕНИ