Сомнителниот куфер во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен и не претставува закана по безбедноста

65

Сомнителен куфер бил забележан попладнево пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, по што веднаш беа евакуирани сите вработени. Првичната информација за евакуацијата на вработените беше дека се работи за дојава за бомба. Од МВР потврдија дека по извршената проверка утврдено е дека се работи за празен куфер.

-Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен и не претставува закана по безбедноста, се наведува во полициското соопштение.

Имено, лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ денеска околу 13 часот пријавило сомнителна активност пред канцелариите на претпријатието, лоцирани на плоштадот „ВМРО“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видео надзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.

 

ИЗДВОЕНИ