Сомнителна крипто платформа пустоши во регионот: Во Хрватска издадено предупредување!

88

Граѓаните треба да бидат особено претпазливи кога станува збор за платформата Bitnixer.com, која сè повеќе се рекламира преку социјалните медиуми и е-поштата како „брза можност за инвестирање во криптовалути“. Иако на прв поглед изгледа како легална платформа, сè повеќе европски надзорни органи предупредуваат дека станува збор за потенцијална интернет измама.

Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги (Ханфа) издаде официјално предупредување до граѓаните во врска со активностите поврзани со веб-страницата bitnicer.com, наведувајќи дека елементи од работењето на страницата се сомнителни и дека може да станува збор за измама.

„Граѓаните не треба да комуницираат со оваа платформа или да инвестираат пари преку неа“, порачаа од Ханфа, додавајќи дека платформата е нерегистрирана, нерегулирана и нема лиценца за обезбедување финансиски услуги.

Ваквите предупредувања важат и за сите граѓани на регионот бидејќи слични измами веќе се забележани во соседнте земји, особено во областа на лажни брокерски платформи и крипто шеми.

Како функционира измамата?

Платформи како Bitnixer обично користат агресивно рекламирање, лажни прегледи и ветувања за брза заработка, заедно со тврдења дека се „партнери со добро познати берзи“ или нудат тргување со вештачка интелигенција без ризик. Откако граѓаните ќе ги платат парите, контактот престанува и пристапот до средствата станува невозможен.

Како да препознаете сомнителни веб-страници?

Граѓаните треба да бидат претпазливи ако платформата:

нема регистрирана адреса или лиценца,
нуди нереално високи приноси на краток рок,
комуницира само преку разговор, е-пошта или социјални мрежи,
бара лични податоци или копии од документи без законска основа.

Во време кога измамничките платформи се сè позастапени, особено во доменот на криптовалутите, граѓаните мора да бидат дополнително претпазливи. Bitnixer.com е најновиот пример за измама, но сигурно не е единствениот.

ИЗДВОЕНИ