Во Музејот на македонската борба, на 2 јули во 20:30 часот, во рамките на манифестацијата „Скопско лето“, концерт ќе одржат познатите македонски музички уметници Александра Коцевска (мецосопран) и Глигор Гелебашев (пијанист). Пред присутните ќе бидат изведени соло песни од шпански и од француски композитори.

Публиката ќе има можност да ги слушне делата на Гранадос, Гарсија, Бизе, Обрадорс и на Сарасате.

Фото: СМУМ

ИЗДВОЕНИ