Во Салон 19:19, при Културно информативен центар во Скопје, вечерва, 6 октомври, со почеток од 19:19 часот, солистички концерт ќе одржи пијанистот Арда Мустафаоглу.
Мустафоглу ќе настапи со концертна програма што спојува различни музички епохи. Публиката ќе има можност да слушне неколку сонати од композиторот Доменико Скарлати, како и една од најимпозантните творби на Лудвиг ван Бетовен – Сонатата „Апасионата“.
На концертот ќе му се придружи и виолинистот Јаков Ангелов, со кого ќе ја изведе прочуената „Чакона“ од Томазо Витали.