Голем македонски музички спектакл се крчка за утревечер (12.06.) во Македонска опера и балет. Солистички концерт на маестро Влатко Миладиноски! Овој настан беше закажан за 22-ри март, но потоа одложен поради трагедијата во Кочани. Сега не очекува таков настан за кој долго ќе се прераскажува и за кој во народот се бара билет повеќе. Се е тоа заслужено, бидејќи Влатко е име кое со години е мамка за публиката.
Како и неговиот роден брат Златко кој ќе го придружува со големиот оркестар. Пред сите нас е незаборавна вечер исполнета со најголемите хитови на Влатко, но и пред се со емоции кои тој вешто умее да им ги пренесе на обожавателите. Организаторот најавува и специјални музички гости, чии имиња засега се држат во тајност. Очекуваме убава музичка дружба и музика која ќе ги разгали нашите срца. (Д.М.)