Македонските кошаркарски интернационалци, Андреј Јакимовски и Ненад Димитријевиќ, имаа солидни изданија за своите клубови.
Јакимовски дефинитивно се наметнува како еден од најдобрите кошаркари на Тренто откако одигра важна улога во неговата победа на гостувањето кај Тревизо, со 67:88. Тој мина 22 минути во игра, а притоа имаше 13 поени и 5 скока.
Солидно издание имаше и Димитријевиќ кога славеше неговиот Баерн во дербито против Вурзбург со 98:79. во елитната лига во Германија. Тој играше 16 минути и забележа 5 поени, 4 скока и 2 асистенции.
Веќе е јасно дека со неговото доаѓање стратегот Светислав Пешиќ доби големо засилување на плејмејкерската позиција.











