Единствениот македонски кошаркар што игра во Евролигата, Ненад Димитријевиќ, имаше солиден настап во победата на Баерн од Минхен над Валенсија од 93:89. Нашиот репрезентативец, предводен од легендарниот тренер Светислав Пешиќ, доби солидна минутажа (26 минути,) која максимално ја искористи и го заврши мечот со ефект од 12 поени, три скока и седум асистенции.

Сепак, и покрај победата, Баерн има минимални шанси за пласман меѓу најдобрите десет екипи на табелата, со оглед на тоа што заостанува четири победи.

Солидна партија имаше уште еден македонски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, кој во поразот од Макаби Тел Авив на гости (75:71) запиша 13 поени, седум асистенции и три скока за нешто повеќе од 28 минути игра.

ИЗДВОЕНИ