Солидарниот данок ќе се враќа на два пати – во 2026 и во 2027 година

3
epa06170179 A worker counts Euro banknotes at a money exchange company in Peshawar, Pakistan, 29 August 2017. The Euro jumped against the US dollar on 29 August recording $ 1.2 for the first time in 18 months. EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Повратот на ДДВ кон стопанството се враќа, што се евидентира преку податоците на трезорот на Министерството за финансии, а во тек е и процесот за поврат на солидарниот данок кон компаниите што го уплатиле по основ на законско решение, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

– Податоците јасно кажуваат како се одвива повратот на ДДВ. Заклучно со 22 септември 2025 година, вкупниот поврат на ДДВ, кој е направен кон компаниите, изнесува 24,85 милијарди денари, додека заклучно со 22 септември 2024 година – повратот на ДДВ изнесува 23,56 милијарди денари, односно имаме повисок износ на поврат за 5,5 % или за 1,29 милиони денари (20 милиони евра) во однос на минатата година – рече Димитриеска-Кочоска.

Таа посочи дека доколку има реакции од одредени компании, можеби станува збор за компании што се предмет на контроли во Управата за јавни приходи и дека Министерството за финансии не може да влијае на тоа.

Притоа наведе дека УЈП, со поддршка од Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и од Трезорот на САД, изработила индикатори врз основа на кои констатира кои компании се поризични и треба да се проверат теренски.

Министерката рече и дека е во тек повратот на солидарниот данок.

– Тоа е постапка што ја спроведуваме ние. Останаа уште неколку компании што до овој момент немаат одговорено на прашањето кое им го доставивмe, а кое го комунициравме претходно во јавноста. Односно, прашањето беше дали се согласуваат со она што го предлага Владата, а тоа е на два пати да се врати солидарниот данок, еднаш во март 2026 и еднаш во март 2027 година. Голем дел од компаниите одговорија и во најголем дел се позитивни и се согласуваат – рече Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека враќањето на средствата, кои, како што рече, биле земени на еден нефер начин,  е приспособено согласно со условите во буџетот и притоа упати благодарност до компаниите за прифаќањето на доставениот предлог.

ИЗДВОЕНИ