Словенечката кошаркарска репрезентација, конечно, ја прекина црната низа на подготовките откако славеше над Велика Британија со 93:81, во Стожице. Тоа беше прва победа за „змејовите“ во подготвителниот период за Евробаскетот 2025, секако со фантастичната игра на Лука Дончиќ, кој запиша 28 поени, 10 асистенции и шест скока, но нешто друго е во фокусот на медиумите изминативе денови.

Словенечкиот портал „Екипа“ го критикуваше Влатко Чанчар за погрешното време, затоа што се пофали на „Инстаграм“ дека е на тренинг, но со кошаркарите на Олимпија од Милано. Од друга страна, тој официјално го откажа настапот за Словенија поради проблемите со повредите и потребата да се одмори повеќе ова лето за да се подготви за клупската сезона.

  • Чанчар, не ти требаше ова! Постојат работи што се по вкус, но и такви што предизвикуваат фрустрации. Некако не можеме да се ослободиме од впечатокот дека второво конкретно ја вклучува и објавата дека Влатко Чанчар, исчезнатиот словенечки репрезентативец кој ги замени Денвер и НБА-лигата за Милано ова лето, а кој, исто така, ја негираше и својата татковина – се наведува, меѓу другото, во текстот.

Се додава дека Лука Дончиќ застанал во одбрана на Чанчар и на другиот „предавник“, Џош Ниб, инаку негов соиграч од Милано.

  • Лука гласно и очекувано го обвини Милано. Италијанците брзо одговорија, но некако зборот на глобалната мегаѕвезда преовлада. Затоа е уште помалку разбирливо што Чанчар, барем од почит кон Лука, ако не кон некој друг или дури и кон сите вас и нас, не можеше да се воздржи денес. Понекогаш е повеќе од доволно човек да молчи. Тој не го стори тоа – се додава во текстот.

Заедно со пораката дека не може и нема да му простат за погрешното време, „Екипа“ додава дека Чанчар морал малку повеќе да размисли за тоа колку им штети неговото однесување на социјалните мрежи на словенечките навивачи.

  • Можеме да разбереме дека само неколку часа пред новиот домашен натпревар на словенечката репрезентација (интересно е што последниот пат кога даде изјава беше непосредно пред претходната) Милано даде изјава, и тоа со прилично остра најава. Со насмеаниот Чанчар во клупскиот дрес, палецот нагоре и со натписот „Назад на работа“. Насмевката и палецот нагоре или надолу, сепак, можевме да ги превидиме за Влатко. Но, поради фактот што тој потоа сè објави, а во исто време не само што учествуваше во очигледното задевање на својот клуб туку и испрати порака со таков тон, потешко е да му простиме. Или поточно, нема да му простиме – се вели во текстот.

Не се крена врева само околу Џош Ниб и Влатко Чанчар туку и околу одлуката на тренерот Александар Секулиќ да го избрише искусниот Зоран Драгиќ од списокот, па атмосферата не е идеална. Инаку, во составот на Словенија се наоѓаат: Миха Черквеник, Лука Дончиќ, Грегор Хорват, Роберт Јурковиќ, Мартин Крампељ, Едо Муриќ, Алексеј Николиќ, Марк Паѓен, Клемен Препелиќ, Ален Омиќ, Рок Радовиќ, Жак Смрекар, Леон Штергар и Лука Шчука, а Секулиќ последниот рез ќе го направи во наредните неколку дена.

ИЗДВОЕНИ