сабота, јануари 17, 2026
Дома МАГАЗИН Софија Вергара успеа да го заведе Луис Хамилтон?

Софија Вергара успеа да го заведе Луис Хамилтон?

1297

Странските медиуми почнаа да пишуваат за можна врска на Софија Вергара и возачот на Формула 1 Луис Хамилтон, кој е 12 години помлад од неа. Наводно, дуото било видено на ручек во Њујорк, како седат еден до друг со пријателите.

Надвор од ресторанот, таа и Луис се смееле и разговарале пред таа да влезе во автомобилот и да замине, изјавил извор за Дејли Мејл.

Познато е дека и двајцата имаат историја на разлика во години со своите партнери, па така 52-годишната Софија излегуваше со двајца помлади мажи, Џо Манганиело и Ник Лоеб, додека 40-годишниот Луис беше во врска со Никол Шерцингер.

Софија се раздели од сопругот Манганиело во 2023 година по осум години брак.

ИЗДВОЕНИ