понеделник, јануари 26, 2026
Дома КУЛТУРА Софија Стојанова добитничка на наградата за најдобра беседа „Григор Прличев“

Софија Стојанова добитничка на наградата за најдобра беседа „Григор Прличев“

170

Софија Стојанова, ученичка од втора година во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица, е авторка на беседата „По песната птиците се разликуваат“, избрана за најдобра на конкурсот за наградата што ја доделува Охридската библиотека во чест на охридскиот поет Григор Прличев.

Стојанова вели дека добиената награда за неа претставува исклучително значајно признание и длабока лична радост.

– Овој успех не го доживувам само како потврда на мојот труд туку и како охрабрување да продолжам уште посветено да се надградувам и да го следам патот на знаењето. Ова признание претставува поттик да бидам уште поодговорна кон сопствените цели и уште похрабра во остварувањето на моите соништа – вели таа.

Софија Стојанова е млада, но изградена авторка, за што потврда се бројните награди од областа на литературата, освоени изминативе две години, меѓу кои први места на повеќе литературни конкурси.

Наградата ќе ѝ биде врачена на младата авторка на најдобрата беседа на 6 февруари, во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ што се одржува во Охрид.

ИЗДВОЕНИ