Познатата убавица Софија Вергара (52) ги освои сите со својата убавина и изглед уште од првиот ден кога се појави. Иако нејзините раскошни облини често се во фокусот, таа е позната и по својот хумор, поради што има обожаватели низ целиот свет.
Атрактивната актерка влезе во шестата деценија, но тоа не ја спречува да објавува разни провокативни фотографии. Неодамна нè почасти со објава во топлес, сигнализирајќи дека летото дефинитивно започнало за неа.
Овој пат, таа направи нешто слично. Софија позираше во када полна со пена, целосно гола, во соработка со модната куќа „Долче и Габана“. Кампањата е снимена за „Vanity Fair.“