Собранието ги избра членовите на Советот на АВМУ

78

Избрани се шест членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на вчерашното заседание на македонското Собрание.
Согласно одлуката за членови се избрани Виктор Павловски, дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од Скопје, Цветанка Миновска дипломиран новинар од Скопје, Афрона Врзиволи дипломиран економист од Скопје, Гордана Мајнова дипломиран економист и магистер по комуникологија и Зиријета Јајага, дипломиран професор по албански јазик и литература и магистер по дипломатија од Скопје.

До ова дојде откако завчера собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно ја усвои новата Предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) согласно која во предложениот состав на Советот беше предложено Јајага да биде на местото на Нафије Селмани, дипломиран професор по албански јазик и книжевност од Скопје.

За предлог одлуката, за чие усвојување беше потребно двотретинско мнозинство, гласаа 95 пратеници, од кои 90 за 5 против, без воздржани. За одлуката беа и 20 пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, а пет беа против.

ИЗДВОЕНИ