Канадската пливачка Самер Мекинтош го собори сопствениот светски рекорд на 400 метри мешано во средата на Националното првенство во Викторија, кое служи како квалификации за пласман на Светското првенство во Сингапур во јули. Мекинтош, 18-годишна трикратна олимписка шампионка во Париз минатото лето (200 метри пеперутка, 200 метри мешано и 400 метри мешано), ја исплива делницата од 400 метри мешано за 4:23,65, подобрувајќи го сопствениот светски рекорд од 4:24,38, поставен минатата година.
Трикратната олимписка шампионка веќе собори светски рекорди на 200 метри мешано и 400 метри слободно.
- Знаев дека можам да направам нешто навистина посебно бидејќи ова е веројатно најдобрата трка во мојата кариера, рече Мекинтош по трката.