вторник, февруари 10, 2026
Дома БАЛКАН Со водени топови се растеруваат демонстрантите: Канцеларијата на Рама погодена со молотови...

Со водени топови се растеруваат демонстрантите: Канцеларијата на Рама погодена со молотови коктели, општ хаос во Албанија

Албанската полиција распореди околу 1.400 полицајци во центарот на Тирана.

65
EPA/MALTON DIBRA

Националниот протест на здружената опозиција вечерва повторно се претвори во судири со полицијата. Противниците на владините политики фрлаа молотови коктели и огномет врз зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама, на што полицијата одговори со водни топови и солзавец.

Најмалку четворица полицајци беа повредени во немирите, додека едно возило на телевизијата ABC беше запалено.

Со скандирања „Рама, оди си“, демонстрантите се собраа во центарот на Тирана барајќи оставка од премиерот Еди Рама и неговата заменик-министерка за инфраструктура Белинда Балуку, која неодамна беше обвинета за корупција и злоупотреба на службената должност од страна на Специјалното тело за борба против корупцијата и организираниот криминал.

„Бунтот е единствениот начин да се отстрани Еди Рама, кој ги остави Албанците без лекови, додека граѓаните на Драч ги остави на нивната судбина по апокалиптичните поплави“, рече еден од лидерите на опозицијата и поранешен премиер Сали Бериша.

На Бериша му одговори шефот на пратеничката група на владејачките социјалисти во парламентот, Таулант Бала, кој рече дека „крвта на полицијата е крв на државата“.

„Кој крева рака врз припадници на полицијата, крева рака врз државата“, рече Бала.

Албанската полиција испрати околу 1.400 полицајци во центарот на Тирана.

Опозицијата најави дека протестите против Рама, кој е на власт од 2013 година, ќе продолжат сè додека не се најде политичко решение за кризата во земјата.

ИЗДВОЕНИ