петок, февруари 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Со украдено возило удрил во маркет во Палатица – повредена 23-годишна вработена

Со украдено возило удрил во маркет во Палатица – повредена 23-годишна вработена

18

Синоќа во 22:40 часот во СВР Тетово, 78-годишен жител на село Стримница пријавил дека во селото му било одземено патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на друго лице, кое тој го користел. Според пријавеното, возилото било паркирано и оставено со клуч на бравата.

Како што информираат од СВР Тетово, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон село Палатица, предизвикало сообраќајна незгода, односно удрило во објект на маркет, по што го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со телесни повреди се здобила 23-годишна жителка на Палатица, вработена во маркетот. Повредите биле констатирани во Клиничкиот центар во Тетово. Причинета е и материјална штета на објектот.

По наредба на јавен обвинител, возилото е однесено во кругот на СВР Тетово, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ