Општина Штип потпиша договор во вредност од 582.080 евра со компанијата „Ахема“ ДОО експорт-импорт – Скопје за изградба на современ скада-систем за управување со водоснабдувањето на градот. Овој проект вклучува надградба и интеграција со географски информациски систем (ГИС), што ќе овозможи поефикасно следење и контрола на водоводната мрежа во Штип. Ова е повторена постапка за избор на изведувач.
Со реализацијата на овој договор, Општина Штип очекува значително да се подобри ефикасноста на водоснабдувањето, да се намалат загубите на вода и да се овозможи подобар квалитет на услугите за граѓаните.
Инвестицијата во скада-системот е дел од пошироките напори на Општината за модернизација на комуналната инфраструктура и за подобрување на животниот стандард на жителите.












