23 годишен велешанец е во притвор отако нападнал деветгодишно девојче и полицаец. Случајот бил пријавен од страна на родителите на детето кое насилникот прво го удрил со метален предмет по главата по што почнал да ја влече по земја.
„Кога родителите на девојчето пријавиле во полиција, шестмина полициски службеници пристигнале на лице место, но осомничениот им се заканувал дека ќе ги нападне со секира и тесла кои ги држел во рацете. Со опасните орудија започнал да се приближува кон полицајците и не застанувал на дадените наредби да запре, по што полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух. Осомничениот се дал во бегство и бил недостапен два дена“ стои во соопштението на велешкото обвинителство
Насилникот се товари за две кривични дела, напад на полицаец и на дете. Неговите закани не запреле, продолжил да ги навредува полицајците во станица па поради тоа завршил во притвор.