Со распоред, од хидроакумулациите во Струмичко се наводнуваат површините засеани со најразлични култури

32

Со распоред за наводнување, од по три дена, за повеќе атари во Струмичко се користи водата од хидроакумулациите.  Доколку продолжи неповолната хидролошка состојба, наводнувањето на површините засеани со најразлични култури е обезбедено до септември.

Ова го изјави раководителот на подружницата „Струмичко Поле“ при АД „Водостопанство на Македонија“, Костадин Стојанов, кој додава дека во двете најголеми акумулации, „Турија“ и „Водоча“, засега има насобрано доволно вода.

– Во најголемата акумулација, „Турија“, имаме 15,3 милиони кубни метри вода, од вкупно 50 милиони. Во „Водоча“, вчера беа измерени 10 милиони кубни метри вода, од вкупниот капацитет од 27 милиони кубни метри вода – информираше Стојанов.

Според него, помалите акумулации, „Новоселка“, „Чаушица“, „Иловица“ и „Маркова Река“, се на минимум, но бргу се полнат.

Инаку, од акумулацијата „Турија“, градот Струмица и повеќе населени места трошат меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење годишно.

 

ИЗДВОЕНИ