Со QR-код до оцена и мислење за работата на Општината

16

Општина Аеродром воведува едноставен, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните можат да дадат оцена и мислење за работата на Општината, како и за секој вработен поединечно.

– Сакаме директно да го слушнеме вашиот глас – за тоа што функционира добро, каде има простор за подобрување и како заеднички да изградиме поефикасна, поотворена и поодговорна локална самоуправа – велат од локалната самоуправа .

Анкетата трае помалку од 1 минута, таа е целосно анонимна. Не се собираат лични податоци,  а мислењето  и искуството на граѓаните се важни.

Од Општина Аеродром објаснуваат дека пополнувањето е едноставно – се скенира QR-кодот од банерот подолу со камерата на вашиот телефон и се отвора кратката анкета која може да ја одговорите само со неколку клика.

– Вашата искреност е нашата насока. Заедно градиме општина отворена кон граѓаните – нагласуваат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ