СВР Скопје поднесе кривична пријава против 56-годишниот С. К. поради сомнение за „загрозување на сигурноста“ и „неовластено поседување и тргување со оружје или експлозивни материи“.
Полицијата информира дека при преземање на мерките, на осомничениот му била одземена пушка калибар 9 мм и 71 куршум од дома.
„Ваквите дејства се сериозна закана за семејната и за јавната безбедност. СВР Скопје ги презема сите законски мерки за заштита на граѓаните и за санкционирање на сторителите“, соопштија од полицијата.












