Со празничната литија и настап на универзитетскиот ансамбл „Македонија“ во Гевгелија заврши чествувањето на патронот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ – 24 мај

101

Народите ќе раскажуваат за нивната мудрост, а Црквата ќе објавува за нив похвала.
Гевгелискиот Цвет кој не венее – Богомајко сочувај не и заштити не сега, секогаш и во
вечни векови.

Денеска, три убави настани се споија во еден. Се прославуваше 24 мај, денот на
сесловенските браќа Светите Кирил и Методиј, оние кои не описменија, се чествуваше
патронот на една од најстарите цркви во Гевгелија, и се одржа Празничната литија низ центарот на градот, со иконата на Мајката Божја – „Цвет кој не венее“.

Гевгелиското архиерејско намесништво со богата дводневна програма го одбележа
Патронот на црквата „Св. Кирил и Методиј“. Чествувањето започна на 23 мај 2025
година(петок), со Акатист кон Свети Кирил и Методиј со петолебие. Вечерта, во дворот
на црквата „Св. Кирил и Методиј“ следуваше културно-уметничката програма на која
настапија: „Распеани гевгеличани“, Ансамбл „Бојмија“, Балетската група „Дива“ и
Мандолинскиот оркестар „Полифонија“.

Денес, на 24 мај 2025 година(сабота), најнапред беа отслужени Празничната утрена и
Светата Божествена литургија со благословување на кумски колачи и осветување
вода.

Потоа се одржа Празнична литија низ центарот на Гевгелија, со иконата на Мајката
Божја-„Цвет кој не венее“ по што следеше настапот на Ансамблот „Македонија“ при
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Љ.А.

ИЗДВОЕНИ