Со потпис на Трамп заврши финансиската блокада на САД

18

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој ќе се стави крај на најдолгата блокада на владата во историјата на САД.
Законот обезбедува повторно финансирање на државните институции, исплата на стотици илјади федерални работници и обнова на системот за контрола на воздушниот сообраќај, кој беше сериозно погоден за време на 43-дневниот прекин на финансирањето.
Пакетот беше усвоен со 222 гласа „за“ и 209 „против“. Законот ќе обезбеди финансирање до 30 јануари, додека државниот долг на САД продолжува да расте и изнесува околу 38 милијарди долари. Завршувањето на блокадата носи надеж дека услугите во воздушниот сообраќај ќе се нормализираат пред големиот бран патувања за Денот на благодарноста, кој е за само две недели. Исто така, се обновува помошта за храна за милиони семејства, што ќе го олесни домашниот буџет во пресрет на божиќната потрошувачка сезона.
Економистите проценуваат дека затворањето на владата го намалувало БДП на САД за повеќе од 0,1 процентен поен неделно, иако се очекува економијата да закрепне во следните месеци.
Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, 50% од Американците ги обвинуваат републиканците за кризата, а 47% – демократите.

ИЗДВОЕНИ