Со помош на количка, ранетото куче повторно почна да трча

50

Прекрасното куче Јојо, благодарение на „Дејзи фемили рескју“, конечно отпатува за Германија и доби живот каков што навистина го заслужува.

Јојо првично го поминал потребниот третман во ЈП „Лајка“, по што бил вратен на својата локација.

–Направениот рендген покажа дека некој пукал во него, а оштетувањето на ’рбетот беше причината за неговата неподвижност. Ова го направи Јојо траен инвалид. Со помош на „Дејзи фемили“, Јојо доби количка и повторно почна да трча – слободно и со радост – ја раскажуваат оваа трогателна приказна  од ЈП „Лајка“.

Минатиот месец, Јојо отпатувал во Германија, каде што моментално оди на физикална терапија и веќе покажувал голем напредок.

–Приказните како оваа на Јојо уште еднаш ни докажуваат дека со здружени сили можеме да постигнеме многу и да им помогнеме на што повеќе кучиња од скопските улици – нагласуваат од  ЈП „Лајка“.

 

ИЗДВОЕНИ