EPA-EFE/YOAN VALAT

 

Француската тенисерка Лоис Боасон го живее сонот на вториот сезонски грен-слем турнир. Французинката, која е 361. на ВТА листата, се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, совладувајќи ја шестата носителка Мира Андреева со 2:0 на преполниот „Филип Шатрие“.

Боасон влезе на турнирот со вајлд-карта, а сега стана првата Французинка по Амели Моресмо (Вимблдон 1999) што стигнала до полуфинале на грен-слем пред 26 години, а првата во историјата на Ролан Гарос што тоа го направила на деби, по Моника Селеш и Џенифер Капријати во 1989.

Со овој настап Французинката скокна за 296 позиции на ВТА листата и сега е 65. во светот, што е највисок пласман во кариерата. Од наградниот фонд во Париз заработи 690.000 евра, петпати повеќе од вкупната заработка досега во кариерата (130.000 €).

Минатата година го пропушти Ролан Гарос поради тешка повреда на лигаменти, но се врати преку ИТФ и ВТА 125 турнири. На својот премиерен настап на елитниот турнир во Париз, Боасон навистина блесна.

„Ова е неверојатно. Минатата година не знаев дали ќе се вратам на теренот, а сега сум во полуфинале на Ролан Гарос. Благодарна сум на мојот тим и на сите што веруваа во мене“, изјави таа емотивно по мечот.

 

 

ИЗДВОЕНИ