Планираниот патен јазол Јурумлери е дел од автопатот А4 и ќе овозможи директна врска на населените места Јурумлери и Илинден со Скопје, Велес и со Гевгелија. Локацијата е меѓу постојните јазли Хиподром и Мралино, каде што веќе постои натпатник, кој ќе се искористи во новата инфраструктура.

– За патниот јазол Јурумлери ќе се изработи проектна документација, а изградбата ќе овозможи подобар пристап, намалување на сообраќајниот метеж и зголемена безбедност. Во тек е јавна набавка за избор на проектант, а документацијата се очекува да биде готова во текот на 2026 година – вели директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски

Во подготовка е нов патен јазол кај Јурумлери, санација на регионалните патишта Р1106 и Р1102  што ги поврзуваат Јурумлери со Драчево и Маџари со `Ржанично, како и санација на мостот преку Вардар што ги поврзува Јурумлери и Долно Лисиче.

Планираниот патен јазол Јурумлери е дел од автопатот А4 и ќе овозможи директна врска на населените места Јурумлери и Илинден со Скопје, Велес и со Гевгелија. Локацијата е меѓу постојните јазли Хиподром и Мралино, каде што веќе постои натпатник, кој ќе се искористи во новата инфраструктура.

– За патниот јазол Јурумлери ќе се изработи проектна документација, а изградбата ќе овозможи подобар пристап, намалување на сообраќајниот метеж и зголемена безбедност. Во тек е јавна набавка за избор на проектант, а документацијата се очекува да биде готова во текот на 2026 година – вели директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски.

ЈПДП планира и рехабилитација со проширување и на дел од регионалниот пат Р1106, делница Јурумлери – Драчево, која е долга околу 4 километри и која е дел од регионалниот пат Р1106. Покрај планираната рехабилитација со проширување на патот, ќе се постави и нова сигнализација, како и изградба на пешачко-велосипедски патеки онаму каде што ќе го дозволат теренските услови тоа.

– Во врска со овој проект, во тек е подготовка на тендерска документација за избор на проектант за изработка на основен и на урбанистички проект. Се очекува проектната документација да биде завршена до крајот на 2026 година – истакна Трајановски.

Дел од овој патен триаголник е и регионалниот пат Р1102, поточно делницата Маџари – `Ржаничино, која е долга околу 14 километри.

– И за неа е планирано проширување на патот, подобрување на геометриските елементи и изградба на кружни текови кај раскрсниците во Јурумлери и во Идризово, со цел зголемување на безбедноста и на проточноста на сообраќајот. Во тек е подготовка на тендерска документација за избор на проектант, а проектната документација се очекува да биде завршена до почетокот на 2027 година – истакна Трајановски.

Важна алка од овој дел на регионалниот пат е и мостот преку Вардар што ги поврзува Јурумлери и Долно Лисиче. Мостот е долг 93,8 метри, со коловоз широк 5 метри и со вкупна ширина од 7 метри.

– Не постои официјална документација за неговата изградба, но првите записи за санација датираат од 1987 година, што укажува дека станува збор за значително постар објект. Извршени се геодетски снимања, при што се утврдени оштетувања, но без загрозување на носивоста на конструкцијата. Во подготовка е проект за негова санација и зацврстување – вели Трајановски.

Сите наведени и планирани проекти ЈПДП ги презема со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

– Овие делници се високофреквентни и по нив се одвива не само патнички туку и товарен сообраќај и затоа, покрај безбедноста, со преземањето на наведените проекти, ќе се овозможи и растоварување на Р1102, кој води кон Јурумлери и кон Хиподром. Потоа граѓаните од околните места ќе може полесно да се исклучуваат и вклучуваат на  автопат/обиколница, со што ќе се намали метежот, но и ќе се подобри пристапот до главните сообраќајници – потенцира Трајановски.

(С. Бл.)

 

ИЗДВОЕНИ