Со општински пари ќе има музеј на џоломарите, хранилки за уличните мачиња…

29

Музеј на џоломарите, хранилки за уличните мачиња се проектите за чија реализација Општина Кавадарци потпиша договори со здруженија.

– Општината обезбеди два милиона денари за поддршка на здруженијата на територијата на Општината Кавадарци. Беа поднесени апликации за 24 проекти, одобрени се 18, во вредност од еден милион и 920 илјади денари. Се работи за активности во различни области: заштита на населението, култура, спорт и други сегменти од општественото живеење – појасни градоначалникот Митко Јанчев. 

Тој додаде дека во делот на Секторот за локалниот економски развој се работи за поддршка за изработени програми, во интерес на заедницата и развојот во повеќе сегменти од локалната самоуправа.

Градоначалникот потсети дека имаат подолгорочна соработка со овие здруженија.

– Не се сомневаме во успехот. Поддршката ќе продолжи – нагласи Јанчев. 

Секретарот во Општината, Тодор Ефремов, подвлече дека станува збор за интересни проекти, со придонес кон заедницата од повеќе аспекти.

 

 

ИЗДВОЕНИ