недела, јули 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Со огнено оружје е пукано кон фирма во Тетово, пронајдени се 11...

Со огнено оружје е пукано кон фирма во Тетово, пронајдени се 11 чаури, констатирани се оштетувања на објектот

20

Непознати сторители  пукале со огнено оружје кон објектот на фирма во Тетово соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на МВР, на 17.07.2026 во 08:45 часот во СВР Тетово, А.С. (42) од Тетово пријавил дека во текот на ноќта од страна на непознати сторители со огнено оружје е пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово.

По пријавата, увидна екипа на СВР Тетово на местото на настанот пронашла 11 чаури, при што констатирани се оштетувања на објектот и на возила.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ