вторник, февруари 3, 2026
Дома СКОПСКА Со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 еколошки автобуси   

Со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 еколошки автобуси   

19

Скопскиот градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, денеска, на „Фејсбук“ ја информираше јавноста дека со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси.

Како што беше посочено и од премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи, што ќе овозможи побезбеден, навремен и подостоинствен јавен превоз, но и значително подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на животната средина.

Набавката на автобусите е дел од стратешкиот договор „влада со влада“ меѓу Република Македонија и Унгарија, кој овозможува реализација по исклучително поволни услови.

– Проблемот со јавниот превоз, кој со години ги засега граѓаните, наскоро заминува во историјата. Свесен за тежината на состојбата во која го наследивме градот, ја прифатив оваа одговорност за да ги решаваме проблемите суштински и одлучно – нагласи Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ