Со нови косилки, тревокосачи, тримери и дувалки ќе се одржува урбаното зеленило

30

По цели 15 години, Општина Аеродром набави нова, современа механизација за одржување на урбаното зеленило.

Станува збор за четири нови рајдер-косилки, за пет моторни робусни тревокосачи, за исто толку професионални тримери за косење, а во наредните денови треба да пристигнат и пет грбни дувалки. Вкупната вредност на овие машини изнесува 3 милиони денари.

Новите машини беа ставени во функција во паркот „Авионче“, по претходна кратка обука на вработените за нивна правилна употреба.

– На територијата на Аеродром има над 200.000 квадратни метри тревна површина и комуналните екипи периодов интензивно работат на нивно одржување. Косењето беше отежнато поради обилните врнежи од дожд, како и од негрижата од ЈП „Паркови и зеленило“ на површините што се под надлежност на Град Скопје – велат од локалната самоуправа.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ