понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Со нови комунални машини се подобрува јавната хигиена во Охрид

Со нови комунални машини се подобрува јавната хигиена во Охрид

95

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ги стави во функција новите метачки за одржување на јавната хигиена.

– ЈП „Охридски комуналец“ го подигнува степенот на одржување на јавната хигиена со ставање во функција на новите комунални машини – метларки, кои се набавени од Општина Охрид. Со новите метларки се чистат јавните површини во старото градско јадро, централното подрачје на Охрид (електрична метларка) и другите делови на градот (дизел-метларка) – соопштија од претпријатието. 

Електричната метларка е наменета за одржување на хигиената во старото градско јадро и во централното подрачје на Охрид, додека дизел-метларката се користи за чистење на другите делови од градот.

ИЗДВОЕНИ