Со нови ископи се решава проблемот со водоснабдувањето

70

Со нови ископи за вода Општина Петровец го решава проблемот со водоснабдувањето во населените места.
Од Општината информираат дека во населеното место Сушица е направен нов ископ за вода, со капацитет на проток на вода од 80.000 литри за 24 часа.

– Следува период за испитувањето на исправноста и квалитетот на водата, по што водата од овој ископ ќе се приклучи кон постојната водоводна мрежа – соопштија од Општина Петровец.

Оттаму додаваат дека веќе се започнати активности за правење уште еден ископ, кој би го решил проблемот со недостигот на вода во овој период од годината и во населените места Блаце, Бадар, Кожле и Тотинци.

ИЗДВОЕНИ