Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции, вели Мицкоски

41

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со нетрпение ја очекуваат резолуцијата за црвените линии со Бугарија што веќе еден месец ја најавуваат од опозициската СДСМ со цел да дадат свој придонес и да ги кажат нивните ставови.

-Ние со нетрпение очекуваме да дојде таа резолуција за да дадеме ние наш инпут. Нели самата опозиција ни велеше дека ни треба заеднички, државнички настап. Еве ја очекуваме од СДСМ  резолуцијата за која се зборува веќе еден месец конечно да се појави во Парламентот за да можеме ние како политичка партија да дадеме инпут, рече Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.

Тој потенцира најпрво ќе мора да ја видат таа резолуција, па да дадат свој инпут во содржината, бидејќи , како што рече, не може да се очекува опозицијата оти бланко ќе им биде прифатено тоа што ќе го достават.

-Доколку тоа не се случи, тогаш претпоставувам дека СДСМ во отсуство на можност да наметне тема во јавноста, се обидуваа еве со конструкции, со лаги, со лешинарење, но, не успеваа, па сега рекоа ајде ќе градиме тема врз основа на резолуција за црвени позиции. Во ред, ајде господа повелете доставете ја во Парламент и претпоставуваме дека ако очекувате дека најголемата политичка партија и коалиција да ја подржи, ќе мора да учествува во креирањето на содржината, вели премиерот додавјќи дека би било незрело да се мисли дека таа априори би била подржана, бидејќи опозицијата смета дека направила толку квалитетен и сериозен документ.

-Имајќи го предвид искуството од минатата, не би се согласил со тоа, дека ВМРО-ДПМНЕ тоа така ќе го подржи бланко и ние сите среќни ќе бидеме. Тоа така не оди, рече премиерот Мицкоски.

Затоа, рече, ВМРО-ДПМНЕ со нетрпение ја чека за сите заедно да изградат заеднички државнички став и да се согласат по тие прашања кои што се важни за граѓаните, а секако евроинтеграциите се едни од нив.

ИЗДВОЕНИ