четврток, февруари 26, 2026
Дома СКОПСКА Со неколку клика до првиот чекор во образованието

Со неколку клика до првиот чекор во образованието

77

Општина Центар ги информира родителите на идните првачиња дека постапката за упис во прво одделение е поедноставена и целосно дигитализирана. Преку веб-страницата на Општината (www.centar.gov.mk), секој родител може брзо и лесно да провери во кое основно училиште припаѓа неговото дете и веднаш да поднесе апликација за запишување.

-Со пристап до делот „Урбанизам” и избор на ГИС порталот, потребно е корисникот да се регистрира, а потоа преку категоријата „Реонизација на училишта” да ја внесе својата точна адреса. Системот автоматски ја прикажува информацијата за надлежното училиште и нуди линк до електронската пријава за упис. Во случај адресата да не биде автоматски пронајдена, постои можност да се постави точка на мапата и со клик на опцијата „Побарај по локација” да се добијат истите информации – објаснуваат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека на ваков начин, запишувањето во прво одделение никогаш не било полесно.

-За само неколку минути, родителите можат да проверат кое е нивното училиште и да ја поднесат електронската апликација. Нашата цел е родителите да се чувствуваат сигурно и поддржано, а децата да го започнат своето образование со позитивно искуство уште од првиот чекор. Продолжуваме да инвестираме во дигитализација, транспарентност и модерни услуги кои навистина го олеснуваат животот – нагласи Герасимовски, додавајќи дека со оваа дигитална алатка, Општина Центар го олеснува процесот на запишување во прво одделение, овозможувајќи им на родителите со неколку клика да го започнат еден од најважните чекори во образованието на нивните деца.

ИЗДВОЕНИ