Бо Босанскиот Бихаќ, Дедејска-Кукиќ ја претстави Македонија онака како што им доликува на музичките диви. Нејзиниот настап предизвика олуја од овации кај публиката! Тоа го успеа пеејќи го нејзиниот голем македонски хит-евергрин “Јоване јорговане“. А, виртоузот на хармониката Јове Кекеновски ја доби примамливата титула “Почесен Амбасадор на Фестивалот“
Многу популарниот Босанско-балкански музички фестивал на народната музика “Фестивал на љубовта 2025“ кој деновиве се одржа во градот Бихаќ (по 31-ви пат), ќе се памети не само по голем број учесници (над 70) и специјални гости Снежана Ѓуришиќ, Нихад Алибеговиќ и Аднан Незиров, туку пред се и по настапот на нашите. Познатиот хармоникаш Јове Кекеновски и фолк-ѕвездата Ленче Кукиќ.
Представниците на Македонија настапија на првата Фестивалска вечер во рамките на програмата насловена како “Севдах-фест“.
Заедно со нашите беше и македонската екипата на “Балкан Мјузик-телевизија“ која покрај Јове и Ленче се закити со “Почесна Фестивалска Благодарница“. Учеството на македонските музичари покажа дека за нашата народна песна и музика на просторите на поранешна Југославија и понатаму постои огромен интерес. Ова отворено го потврди и Господинот Дадо Фелиќ, познатиот музичко-културен деец во Босна и Херцеговина. Со огромно задоволство треба да се истакне дека Јове Кекеновски ја доби и примамливата титула “Почесен Амбасадор на Фестивалот“, во Бихаќ. Додека Ленче Кукиќ само ја потврди својата ѕвездена популарност со која најмногу се стекна, да не се лажаме, по прекрасните настапи во балканското тв-шоу “Никогаш не е доцна“. Тогаш харизматичната Ленче Дедејче (како што и во Бихаќ нагалено ја ословуваа) испеа многу песни, а со интерпретацијата на легендарната македонска “Катерино моме“ дефинитивно сите ги остави без зборови. Со наклон до под! Така што и во Бихаќ Дедејска-Кукиќ ја претстави нашата држава онака како што им доликува на музичките диви. Нејзиниот настап предизвика олуја од овации кај публиката! Тоа го успеа пеејќи го нејзиниот голем македонски хит-евергрин “Јоване јорговане“.
Но и самата Ленче Кукиќ исто така воодушевена, позитивно наежена од впечатоците. – Јас за првпат пеам на тој Фестивал. И не знам навистина за што попрво да раскажувам? Причината е што сум затекната поради одличната организација,гостопримството на домаќините. Од се заедно кога ќе се стави на едно купче, вели веселата Дедејче.
Голема благодарност до македонските претставници упати и самиот организатор Дадо Фелиќ кој воедно најави нова соработка со македонската фолк-сцена. Ќе ја промовира сега и ширум Босна и Херцеговина. – Лично јас, постојано со задоволство ја слушам македонската музика, македонските пејачи, кои се за мене најдобри на Балканот, гордо истакна Дадо.
(Д.М.)