Со милион и триста илјади денари општината ги поддржува здруженијата за производство на вино и ракија 

40

Околу милион и триста илјади денари за поддршка на здруженија од сектор за производство на вино и ракија се издвојуваат годишно од буџетот на Општина Кавадарци, за развој на лозаровинарството и винскиот туризам, информираше  градоначалникот, Митко Јанчев, на средба со претставници на граѓанскиот сектор. 

Toj појасни дека станува збор за програмски предвидена активност, како и во изминатите години. Нагласи дека ваквата поддршка ќе продолжи и во иднина.

–  Работиме на проект за дигитализација и автоматизација и за еколошко производство во овој сектор, со нула отпад. Се работи за проект од околу 130 илјади евра. Малите семејни произведувачи ќе добијат кодови, купувачите ќе можат да ги скенираат тие кодови и да го проследат целокупниот начин на производство. Од отпадот што ќе останува од производството, лушпи, семки од грозје и слично, ќе се произведува козметика и слично – појасни Јанчев. 

 

ИЗДВОЕНИ