Со македонскиот пасош може да се патува без виза во 129 дестинации во светот

27

Македонскиот пасош се најден на 41 место на листата на најмоќни пасоши во светот, според рангирањето на сајтот „Henley & Partners“.

Ова е скок на македонскиот пасош во однос на минатата година, кога беше рангиран на 45 позиција на оваа ранг листа. Со македонскиот пасош може да се патува без виза низ 129 дестинации ширум светот.

Нависоко на оваа листа македонскиот пасош беше во 2014 година, кога беше на 36-то место.

Во регионот Македонија е зад Грција (5), Словенија (6), Хрватска (7), Бугарија(12) и зад Србија која е на 35-то место. Зад нас, пак, се Црна Гора (42) Босна и Херцеговина (45), Албанија (46) и  Косово (61). Пасошот на САД е на 11 позиција.

Сингапур е сè уште најсилниот пасош во светот, со пристап до 193 земји без потреба од добивање виза. Овој континуитет не е резултат на еднократни политички одлуки, туку долгорочна стратегија насочена кон трговијата, дипломатијата и меѓународната отвореност, што се рефлектира во индексот низ годините.

ИЗДВОЕНИ