-Со оваа петиција бараме од надлежните институции Град Скопје и Општина Бутел да ја препознаат оваа реална потреба и да постапат соодветно и итно, во интерес на заедницата и јавната безбедност и веруваме дека ќе постапат по барањето на жителите за кои работат во оваа општина – наведуваат жителите.
Тие се загрижени затоа што по улицата „Бутелска“ постојано се движат ученици, возрасни граѓани и жители на населбата, а е зона со чест сообраќаен метеж и се вози со голема брзина, поради што некој може да настрада. Сметаат дека пешачките премини не се доволни за да се намали сообраќајниот метеж и да се забави дивеењето на оваа градска и главна улица
Жителите од населбата Радишани потпишуваат петиција со која бараат итно поставување на бетонирани лежечки полицајци на улицата „Бутелска“, по примерот на населба Железара и Бутел 2, како ефективна и докажана мерка за заштита на човечки животи и спречување на сообраќајни несреќи, за како што велат да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
-Со оваа петиција бараме од надлежните институции Град Скопје и Општина Бутел да ја препознаат оваа реална потреба и да постапат соодветно и итно, во интерес на заедницата и јавната безбедност и веруваме дека ќе постапат по барањето на жителите за кои работат во оваа општина – наведуваат жителите.
Тие се загрижени затоа што по улицата „Бутелска“ постојано се движат ученици, возрасни граѓани и жители на населбата, а е зона со чест сообраќаен метеж и се вози со голема брзина, поради што некој може да настрада. Сметаат дека пешачките премини не се доволни за да се намали сообраќајниот метеж и да се забави дивеењето на оваа градска и главна улица.
-Воедно, блокираните тротоари го попречуваат нормалното движење на пешаците. Се узурпира државен простор од приватни лица кои го користат за свои профитабилни и неодговорни цели што предизвикува дополнителен товар за непречено и безбедно движење на најранливите категории во општината како што се децата, стари и изнемоштени лица, мајки со колички со бебиња, лица со попреченост и воедно сите жители на општината – потенцираат жителите.
Затоа, според нив, поставувањето на лежечки полицајци е неопходна превентивна мерка, усогласена со Уставот и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој како што наведуваат ја гарантира безбедноста, особено на ранливите категории учесници – децата и пешаците.
Жителите ваквата иницијатива, како што потенцираат ја засноваат на Уставот кој го гарантира правото на секој граѓанин на здрава животна средина, безбедност и заштита на животот, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој ја обврзува државата и општините да преземаат мерки за заштита на учесниците во сообраќајот, особено пешаците и децата, Законот за локална самоуправа, со кој општините се надлежни за уредување и одржување на локалните патишта и улици, вклучително и сообраќајната безбедност, како и Стратегијата за безбедност на сообраќајот на патиштата 2021–2030, која препорачува поставување на сообраќајни бариери и физички мерки за успорување на сообраќајот во урбани средини и зони со присуство на ранливи учесници.
Од Општина Бутел велат дека жителите и претходно барале да се постават лежечки полицајци, но додаваат дека оваа улица не во нивна надлежност, туку е под ингеренција на Град Скопје.
Од Град Скопје не одговорија дали се запознаен со ова барање на жителите од населбата Радишани, Зошто досега не се поставени лежечки полицаи и дали имаат намера да постават, со цел да се заштитат животите на граѓаните и да се превенираат сообраќајните незгоди.
(А.П.)