Весникот ВЕЧЕР и издавачката куќа „Матица македонска“ ги наградуваат најверните читатели со книга со што ја промовираме читачката култура. Сите оние што ќе соберат пет последователни купони, од 1 до 5, (од понеделник до петок, а резервниот ќе биде објавен во сабота) објавени на страниците на весникот, ќе имаат можност бесплатно да добијат книга од познати европски и светски писатели, но и од македонски автори, во издание на „Матица македонска“.

Секој понеделник ќе ги објавуваме насловите на книгите што ќе бидат избрани за неделата и со собраните купони ќе можат да одберат книга директно во продавницата на „Матица македонска“, на булеварот „Климент Охридски“ 23 во Скопје, веќе од наредниот понеделник. Истовремено, освен бесплатна книга, со петте купони Матица македонска одобрува и 30 % попуст на кој било наслов од изданија на оваа издавачка куќа.

Првиот избор читателите ќе можат да го направат меѓу десетте наслови:

 

1.Клетии- Божин Павловски

2.Чудесии-Божин Павловски

3.Игра со љубов.Болеста на коренот-Божин Павловски

4.Епски теми-Витомир Митевски

5.Абецедар-јубилејно издание 1925-2025

6.Турчинот шахист-Александар Шурбатовиќ

  1. 32 Март-Хавиер Боск

8.Куќата на насипот-Даниела Раимонди

9.Птичар-Мо Хајдер

10.Летото кога научив да летам-Јасминка Петровиќ  

 

ИЗДВОЕНИ