Во наредните денови, во Општина Велес ќе биде распишан и јавен повик за копање длабоки бунари со кои ќе се подобри квалитетот на водата во езерото „Младост “, а во фаза на изработка е и проект за санација на темелниот испуст.
Претходно, во рамки на активностите за ревитализација на езерото „Младост“, се изврши чистење на крајбрежјето од суви наслаги, наталожен седимент, сува трска и наслаги. Акцијата беше спроведена според предвидената динамика од страна на јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Општина Велес ќе продолжи и годинава со чистење на Отовичка Река.
Во соработка со Владата, ќе работи и на довршување на цевководот за поврзување на акумулациите „Лисиче“ и езеро „Младост“.
– Во наредниот период продолжуваат посветени и координирани акции за обнова на езерото во насока на враќање на епитетот што го заслужува, атрактивна туристичка дестинација за домашни и странски туристи – нагласуваат од Општина Велес.












