Со какви се информации располага американската полиција за Тајлер Робинсон, единствениот осомничен за убиството на Чарли Кирк?

129

Тајлер Робинсон, 22, денес беше именуван како единствен осомничен за убиството на политичкиот активист Чарли Кирк. Тој е во притвор, а истражителите вчера го пронајдоа оружјето, репетирачка пушка завиткана во пешкир и чаури со врежани пораки на нив.

Според извештаите на американските медиуми, Робинсон му признал на член на семејството (некои медиуми велат дека е неговиот татко) дека го убил Чарли Кирк, по што тоа лице ги известило властите и се погрижило Робинсон да не избега во меѓувреме.

Тајлер Робинсон е задржан во окружниот затвор во Спаниш Форк, Јута, каде што е задржан по повеќе првични обвиненија, изјавил службеник на затворот за „Си-ен-ен“ утрово.

Обвиненијата што дозволуваат негово притворање вклучуваат тешко убиство, незаконска употреба на огнено оружје што предизвикува сериозни повреди, попречување на правдата.

Робинсон сè уште не е официјално обвинет, а документите за обвинението моментално не се достапни, соопштија други власти на Јута, објави „Си-ен-ен“.

Во меѓувреме, републиканскиот гувернер на Јута, Спенсер Кокс, одржа прес-конференција и се обиде да ја смири јавноста.

Тој рече дека се верува дека осомничениот дејствувал сам.

На прашањето на новинар дали очекува дополнителни апсења, тој одговори:

„Во моментов немаме никакви информации што би укажувале дека ќе има дополнителни апсења.“

На прашањето на новинарите дали тоа значи дека верува дека осомничениот дејствувал сам, тој одговори:

„Да, но истрагата сè уште е во тек.“

Пораките од Discord што ги прегледале истражителите укажуваат дека осомничениот Робинсон врежал натписи на куршумите што ги користел и дека пушката и нишанот што ги користел биле „уникатни“, рече гувернерот Кокс, објави „Ен-би-си“.

 

ИЗДВОЕНИ