Екипата на Дубаи не запира со спектакуларни трансфери. По Муса и Камењаш, сега доаѓа Мам Џаитех. Тимот од Дубаи создава тим што сè повеќе изгледа како сериозен кандидат за плејофот во Евролигата, каде што воедно и ќе игра оваа сезона.

Овој француски центар му се приклучува на сè поимпресивниот состав на новиот тим од Евролигата, кој од ден на ден станува сериозен проект.

Дубаи веќе го привлече вниманието пред ова потпишување, кога ги доведе Џастин Андерсон, Мекинли Рајт, Алекса Аврамовиќ, Џанан Муса и Кенан Камењаш за кратко време. Сега на тоа друштво му се приклучува и 211 см високиот Џаитех, поранешниот МВП на Еврокупот и човек што играше брилијантно во полуфиналето на минатогодишниот фајнал-фор.

Џаитех доаѓа од Монако, каде што минатата сезона мораше да се бори за минутажа со сериозни имиња како што се Донатас Мотиехинас, Георгиос Папајанис и Даниел Теис.

ИЗДВОЕНИ